ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени

July 17, 2020 13:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на онлајн работилницата организирана од Организацијата на храна и земјоделство при ООН (ФАО), на која се разговараше за Проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.

На состанокот, како што соопшти МЗШВ, беше заклучено дека земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуват големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Особено ранливи на климатските промени се малите земјоделски стопанства поради нискиот капацитет за адаптација предизвикан од низа фактори меѓу кои ограничена едукација за влијанијата на климатските промени, недостаток на средства за тестирање и демонстрација на адаптивни земјоделски практики, недоволни системи за наводнување во однос на капацитетите и техниките за заштеда на вода, итн.

– Стратегијата ќе биде насочена кон дијагностицирање на проблемите и дефинирање на концепт на развој и одржливост на хидро мелиоративните системи во Република Северна Македонија во наредните 20 години, а ќе се утврди и потребата од инвестиции во постоечката инфраструктура, како и градење на нови системи согласно потребите на земјоделското производство. Во Проектот е предвидена поддршка со Управата за хидрометеорлошки работи, која имаше активно учество во претходниот проект, преку кој се поставија три автоматски агро-метеоролошки станици во земјоделските региони во државата и се изработи наменска веб страна agro meteo,  изјави минисерот Димковски.

На денешна онлајн работилница, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го најавија започнувањето на нов проект од програмата на ФАО за техничка соработка чија цел е да се зголеми отпорноста на земјоделскиот сектор преку зајакнување на координацијата и капацитетите на институционално ниво, како и преку промовирање на добри земјоделски практики за отпорност кон климатските промени за самите земјоделци.

Во рамки на новиот проект, ФАО ќе му помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да развие нова стратегија за наводнување. Дополнително, ќе се обезбеди техничка поддршка за унапредување на дел од активностите на Управата за хидрометеоролошки работи, подобрување на размената на климатски информации и нивната примена во земјоделството, како и поддршка за други политики како Методологија за штети и загуби во земјоделството како резултат на природни катастрофи.

Од Министерството за земјоделство посочуваат дека важно е тоа што овој проект ќе пилотира нови, климатски паметни технологии на терен со цел да ја приближи нивната примена до земјоделците и другите засегнати страни.

Заменик – регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека ФАО е долгогодишен партнер на македонската влада и дека овој проект е продолжение на претходни заеднички напори за подобрување на продуктивноста, конкурентноста и отпорноста на македонското земјоделство, меѓу кои зајакнување на системот за следење и рано предупредување за заштита од екстремни временски појави, развој на капацитетите на клучни институции од областа агрометерологија, контрола на штетници и болести кај растенијата и животните, мерки за адаптација на добитокот кон климатските промени, воспоставување агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем, итн.

Проектот ќе трае 19 месеци и во неговата имплементација ќе бидат вклучени релевантни министерства, институции, владини агенции, земјоделски здруженија, академијата како и релевантни меѓународни партнери. 

Next Post

Во поплави и лизгање на земјиштето загинаа најмалку 221 лице во јужниот дел на Азија

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk