Од почетокот на оваа година воведовме нова иновативна терапија за лицата со хемофилија. Терапијата ја воведовме во најкритичниот период за здравството, напиша во пост на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Организиравме мобилен тим кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуциравме како самите да го администрираат лекот во домашни услови. Тие порано терапијата ја примаа венски три пати неделно и крвареа од зглобови по пет-шест пати.
Сега лекот го примаат поткожно, еднаш во неделата, без дополнителен ризик од крварења. Со ова, значително им го подобривме квалитетот на живот на пациентите – да можат да бидат активни, да одат на работа и да придонесуваат во општеството, вели министерот Филипче во објавата на Фејсбук.