ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерство за земјоделство: Пари за субвенции има, аплицирањето трае уште десет дена – до 31 јули

July 20, 2020 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До 31 јули или уште десет дена трае рокот за поднесување барања за субвенции од Програмата за земјоделство 2020 година. Од ресорното Министерство уверуваат дека пари има, а исплатата на проектираната поддршка ќе се врши неселективно.

Според МЗШВ, во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство: поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. До крајот на месецот барање за финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство: одгледување говеда, овци, кози, пчели и свињи. Може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

-Како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите. Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор, а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи, наведува МЗШВ.

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при креирање електронски барања, можат да се обратат во подрачните единици. Притоа, мора да носат заштитни маски и да користат средства за дизинфекција поради КОВИД-19.

Министертсвото апелира, пред да ги потпишат поднесените барања, земјоделците да проверат дали сите мерки и култури им се впишани.

-Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст, внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена поради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето, наведуваат од Министертсвото.

МЗШВ воедно потсетува дека отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци кои се комплетно опремени за работа и снабдени со средства за дезинфекција, а за да се спречат вообичаените гужви, изготвени се списоци по азбучен ред ред. Онаму каде што има потреба, има двосменско работење, а вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на КОВИД. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

Next Post
????????????????????????????????????

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk