ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд

July 21, 2020 07:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да ги достави одлуките до политичките партии и потоа почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби, по што Управниот суд има 60 часа за да одлучи. До синоќа во судот немало пристигнато ниту една тужба од партиите.

– Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, рече синоќа претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

Тој во гостувањето на Топ Тема, изрази надеж дека нема да дојде до блокада на судот, бидејќи се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет.

 

-Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини.
Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно.

 

 

 

 

 

-За првпат Управниот суд, како што се најавите, ќе се соочи со оваа бројка на тужби. Моментално сите стручни соработници, сите судии се на располагање, правиме соодветни симулации како да се обезбеди тоа да навремено одлучиме во рокот од 60 часа по приемот на тужбите, рече Сејдини.

Убедени сме, додаде тој, дека на нашата држава и е потребно што побрзо да се стигне до официјалните конечни резултати за да може конечно да профункционира законодавната власт.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август. 

Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.

Next Post

Коронавирусот не стивнува, во Скопје 1.880 активни случаи, трицифрен број во осум општини

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk