Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на Фејсбук.
Со картичките реализирани се над 1,2 милиони транскации заклучно 18 јули. Најголем дел од трансакциите се во:
– Маркети (89%)
– Ресторани и храна (5%)
– Текстил, облека, обувки (3%)
Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата:
– ја поддржува приватната потрошувачка
– ги поддржува домашните производители и услужни дејности
– придонесува за раздвижување на економската активност
– придонесува за безготовинско плаќање
Банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.
Во меѓувреме се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фонд за здравствено осигурување, стои во постот на Фејсбук на министерката Ангеловска.