ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Во ГОБ „8 Септември“ ќе се враќа и другата патологија, се зајакнува здравствениот систем за есенскиот бран

July 22, 2020 15:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на август ќе почне да се подготвува Градската општа болница  „8 Септември“ со цел постепено да се враќа и другата патологија, што вообичаено се третира во оваа болница, за да не се создаваат долги листи на чекање, истакна министерот за здравство Венко Филипче и ја најави подготовката на 16 болници ширум земјата за есенскиот бран во однос на инфраструктурата, медицинската опрема, лабораториите и кадарот.

– Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени тие пациенти за целосно физички да се одделат пациентите болни од Ковид и евентуално и други инфективни заболувања од останатите пациенти од постојните болници, за да можат тие објекти нормално да функционираат, изјави Филипче за Канал 5 телевизија.

Во рамки на подготовките Филипче најави и надградување на лабораториите во сите градови за брзи PSR тестови, како и зајакнување на медицинскиот персонал со млади лекари.

– Се надевам дека нема да има нов бран, но ние мора да се подготвуваме. Во таа насока е и надградувањето на лабораториските капацитети во секој град за брз PSR тест и во текот на вчерашниот ден имавме состанок со младите лекари кои добија лиценца за работа минатата недела. Тие треба да почнат со работа, согласно измената на Законот да добијат платено загарантирано работно место. Дел од нив веќе покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники и паралелно на сето тоа почнуваме и процес на обезбедување финансии за нивно трајно вработување. Ова е план кој означува зајакнување и на инфраструктурата, и на медицинската опрема, како и на лабораториите и на кадарот, посочи Филипче. /МИА/

Next Post

(ВИДЕО) Медицинскиот техничар Сабри Азири од Клиниката за пулмологија ќе дарува ковалесцентна плазма

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk