ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Казнети полицајците кои ја попречуваа работата на новинарката Секуловска, ЗНМ ја поздрави одлуката

И покрај тоа што Секуловска се претставила на полицијата и покажала дозвола за непречено движење за време на полициски час, полициските службеници ѝ забраниле да ги снима и на груб начин се заканувале дека ќе ја тужат, бидејќи според нив не било дозволено да се снимаат полициски службеници, соопшти ЗНМ.

July 22, 2020 17:07
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на внатрешната контрола на МВР која утврди незаконско постапување на полициските службеници за попречување на новинарката Билјана Секуловска при вршење на своите професионални обврски, и истите ќе бидат соодветно казнети.

Како што соопшти ЗНМ, на 7 јули годинава околу 19.00 часот, новинарката Билјана Секуловска, уредник во онлајн медиумот www.novatv.mk, при обавување на професионалните задачи сликала полициска патрола која вршела контроли за време на полицискиот час.

-И покрај тоа што Секуловска се претставила на полицијата и покажала дозвола за непречено движење за време на полициски час, полициските службеници ѝ забраниле да ги снима и на груб начин се заканувале дека ќе ја тужат, бидејќи според нив не било дозволено да се снимаат полициски службеници, соопшти ЗНМ.

По овој настан ЗНМ испратило претставка до Внатрешната контрола при МВР поради попречување на правото на новинарката да известува од јавен простор за теми од јавен интерес.

Дополнително, како што посочува ЗНМ, било побарано итно да се спроведе постапка за утврдување на одговорност на полицискиот службеник, а потоа да биде спроведена и дисциплинска постапка во која ќе се утврди дали тој постапувал во согласност со Законот за полиција и Кодексот на полициска етика.

Како што соопшти ЗНМ, денеска се известени дека Внатрешната контрола утврдила незаконско постапување на полициските службеници и дека тие ќе бидат соодветно казнети. ЗНМ потсетува дека соработката меѓу полицијата и новинарите е од огромна важност и таа треба дополнително да се развива.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, ваквата принципиелна практика може да помогне во градење на професионалниот однос меѓу новинари и полицијата. Додаде дека негативните случки треба да послужат како пример од кој ќе се извлече поука во насока на подобро разбирање на законските овластувања на полицијата при постапување на терен против новинарите.

-Во иднина ги повикуваме и другите членови на ЗНМ доколку се соочат со слични проблеми да се обратат во канцеларијата на Здружението на новинарите на Македонија, бидејќи имаме обезбедено бесплатна правна помош за вакви и слични прекршувања на нивните права, се наведува во соопштението на ЗНМ./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

УЈП најостро го демантира „Курир“: Изнесените невистини се обид јавноста да се доведе во заблуда со шпекулации

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk