ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Коцевски: Градежниот инспектор е едно од најтешките работни места, изложени се на шиканирања, закани и уцени, а платите им се ниски

July 22, 2020 15:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

При денешниот увид на градежните работи на изградба на водоводот за велешките села Раштани и Бузалкова, на новинарско прашање дали државата може да им помогне на општините во третирањето на дивоградбите, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески појасни дека државата настапува само кога станува збор за предмет од прва категорија. Овие дивоградби се од  втора категорија и тоа, вели, е работа на општинските градежни инспектори.

-Доколку не биде постапено од страна на општината тогаш Државниот градежен инспекторат настапува од име на општината, односно  во член 145 многу јасно е напишано дека  ако не е постапено и има неправилности од страна на општинскиот градежен инспекторат тогаш настапува Државниот градежен инспекторат така што од тој аспект се прочистени работите.  Јас генерално би кажал за целата држава мислам дека државата целосно стои зад општините. И затоа секаде каде што треба да се интервенира општинските градежни инспектори треба да го направат тоа за предмети од втора категорија, додека од прва категорија ингеренцијата е апсолутно на Државниот градежен инспекторат, рече Сугарески.

Коментирајќи го тоа дека општините имаат еден општински градежен инспекторат за една и неколку соседни општини Сугарески појасни дека во 2005  кога беше децентрализацијата се земале предвид и тие работи и оти не станува збор за тоа дека државата не сака да помогне.

-Затоа поголемите општини согласно огласите можат да примаат и повеќе градежни и комунални инспектори и тоа можат да го направат во согласност со другите општини, така што ова е прашање кое треба да им го поставите на градоначалниците бидејќи тие се тие кои вршат прием на инспектори, рече Сугарески во одговор на новинарско прашање.

Градоначалникот Аце Коцевски појасни дека не само Општуна Велес туку и сите општини во државава имаат сериозен  проблем на недостиг на градежни инспектори. Според него градежниот инспектор е едно од најтешките работни места во јавната администрација, а бидејќи тие се изложени на секојдневни шиканирања, закани и уцени по членови на нивните семејства, а од друга страна  платите  им се ниски и градежните инженери и архитекти не се заинтересирани за овие работни места.

-Таков случај, а еден од многуте е од завчера кога еден инвеститор на езерото „Младост“ на вработени од општинската администрација им се заканувал со закани врз членовите на нивните семејства.Тие работни места стануваат непопуларни, платите се ниски и за толкави плати никој веќе не сака да работи на овие сериозни работни места во општинската администрација. Така ние како општина имаме недостиг на градежни инженери, архитекти и градежни инспектори. Затоа треба системски да се реши проблемот  и тие работни места да бидат особено наградувани за да ги привлечеме искусните инженери да дојдат да работат. И тој еден градежен инспектор што го имаме ни се заканува дека ќе си даде отказ. Причината е дека  има премногу работа, а од друга страна не може да ги издржи притисоците кои секојдневно ги чувствува врз себе, вели Коцевски.

Според него , проблемот е многу сериозен и треба да се реши во соработка со институциите на централната власт бидејќи тие ги носат законите кои се однесуваат на статусот на инспекторите. Решение, смета тој, е или платите енормно да им се зголемат за да станат примамливи овие работни места или да се најде друго решение.

-Во краен случај општините да се откажат, а државата да ја земе инспекциската контрола на бесправно изградените објекти, доколку тие се изјаснат дека не можат да се справат со масовна експанзија на дивоградби, вели Коцевски.

Освен во градот, како што информира, Општина Велес деновиве се сочува со наплив  на голем број  дивоградби на планината Бреза и по долното течение покрај реката  Бабуна и локалитетот Пешти, а посебно  по изградбата на патот до Пешти.

Next Post

Филипче: Нема потреба од рестрикции, епидемиолошката состојба е генерално стабилна

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk