Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата, се вели во соопштението на ВМРO-ДПМНЕ.
„Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа.
Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето.
Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата.
СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски.
Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи.“ истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.