Вицепремиерката Царовска ги демантира наводите од Борјан Јовановски искажани на денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз.. Таа истакнува дека лаги и конструкции се изјавите за нејзината наводна поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавуваа дека против него ќе поднесе тужба за клевета.
„Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и е директен напад на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки.“, напиша на Фејсбук Мила Царовска.