Хакирана е веб-страницата на Министерството за образование и наука и затоа не е во функција од вчера вечерта, потврдија од МОН.
Од Министерството информираат дека се работи на нормализирање на функционирањето на сајтот по хакерскиот напад.
Претпладнево и Министерството за здравство соопшти дека не функционира нивната веб-страницата зашто е хакирана.
Претходно и Министерството за здравство соопшти дека и нивната веб страница е хакирана.
– Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: [email protected], стои во соопштението од Mинистерството за здравство.