ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Општина Велес најавува „Велешко културно лето 2020“ од 29 јули

Според динамиката на активности, во месец август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата.

July 24, 2020 18:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани на отворено кои ќе се одржат во Амфитеатарот на Младинскиот парк на отворено, информира на денешната прес – конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и други културни манифестации. Сцената ќе биде отстапена на учесници од различни возрасти, а ќе имаат можност за настап и најмладите таленти од градот.

Тој појасни  дека иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓанки и граѓани.

Според динамиката на активности, во месец август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата.

–Сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, појасни Коцевски.

Тој информира дека до 15 август ќе настапат само велешки уметници. Во втората половина ќе има Вис тркалезна маса со настап на поетско – музичкиот перформанс „Песни и звуци од чудната шума“ и проектот „Лејдис енд џентлмен“.

Инаку, програмата на Велешко културно лето 2020 започнува на 29 јули со јубилеен концерт за  25 годишнината на Балетското студио „Анабела“.

На 1 август во пресрет на празникот Илинден ќе се одржи целовечерен концерт на народна староградска и новокомпонирана музика „Македонски ноти“ од групата „Соната“ и групата „Виртуз“.

На 2 август вечерта во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе има проекција на филмот „Републиката во пламен“ во рамките на филмските вечери.

На 4 август ќе има целовечерен концерт на евергрин поп-рок сцена на која ќе настапат „Тринити бенд“.

На 5 август во Ликовниот салон  ќе има изложба на фотографии „Велес низ старите фотографии“.

На 8 август во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе се одржи целовечерен концерт џез подиум изведувачи се Авни авшад квинтед.

На 11 август во паркот на ООУ „Васил Главинов“ предвидена е промоција на поезија за возрасни „Во градината има само љубов“ од Лила Арсова и Филип Димкоски.

На 12 август на програмата е концерт на млади таленти на класична музика „Велешки видричиња“ а ќе настапат младите уметници Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костоски, Исмаил Дурмишовски и Даниела Теова.

Во Ликовниот салон на 13 август ќе се одржи јубилејна изложба на уникатни дела изработени  со ориз  и синапово семе на авторот  Снежана Лазарова – Луна по повод 10 години од нејзиното творештво.

Целовечерен концерт „Сербес класика“ на Градскиот камерен оркестар „Стефан Гајдов“ е на програмата на 15 август на сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк./МИА/ 

Next Post

Постизборно: Кој со кого ќе игра, а кого никој нема да го игра?

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk