Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју за ТВ 21, на прашањето за премиер Албанец, изјави дека немаат проблем премиерот да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.
„Тоа се за мене ирелеватни прашања. Многу е битно да дојдеме како општество во целиот тој заеднички циклус, а не да да биде на некој начин условување за воспоставување на политичка соработка. Јас очекувам дека е можно да има ретерирање од таков тип на условувања, како заеднички удел до определена цел. СДСМ е транспарентна партија. Секогаш кога созреваат работи кои што сме спремни да ги споделиме со јавноста, ќе ги споделиме“, рече Шилегов.