– Време е и можеме да имаме политика во која владата и опозицијата работат заедно за консензуалното добро, во која опозициските предлози што вредат се прифаќаат без збор, во која има вистинско обединување на националните интереси од сите сериозни партии! Не е време за поделби. Знам, гледам и чувствувам дека државата е поделена и тоа мора да запре веднаш! Време е за промени. Време е за обединување. Време е за цврстина, мудрост и сила пред предизвиците кои доаѓаат – истакнува Генералниот секретар на СДСМ во интервју за „Капитал“.
„На последните избори настапивме со најшироката и најсеопфатна коалиција која некогаш се појавила пред граѓаните. И го дадовме името „Можеме“. На истите тие избори, се покажаа и некои работи кои очигледно МОЖЕЛЕ да бидат поинакви од она што било реалност во изминатите циклуси. Ова мое обраќање е токму за нив.
На пример, се покажа дека можело да има вистински фер и демократски избори каде луѓето гласаат без страв, без тензии, без тепачки. Чисти и без никаква забелешка, скандинавски! Со балансирано известување од медиумите, кои дури за нијанса повеќе инклинираа спрема опозицијата, нешто што го нотираа извештаите по изборите. Се надевам дека на ваквата организација нема само да се гордееме туку и од неа ќе научиме и ќе ја земеме за пример на сите понатамошни избори без никогаш да си дозволиме да се вратат на сцена недемократските практики кои беа толку многу „нормални“ во минатото. Благодарам на сите одбори, сите набљудувачи, сите кои помогнаа во тоа да се спроведат вакви избори за пример.
Благодарам и на сите гласачи. Државата направи се во своја моќ максимално да се погрижи да нема никакви здравствени пречки за крајно безбеден процес и им благодарам на граѓаните затоа што го препознаа истото. Воедно, ги разбирам и загрижените кои одлучија да останат дома и да не гласаат иако тоа секогаш носи одреден ризик. Јасно им порачувам и на тие граѓани дека заедно со економијата, правдата ќе биде нашата главна агенда во мандатот што претстои и се надевам дека на следните избори ќе одлучат директно да учествуваат во изборниот процес со својот ценет глас.“, потенцира Николовски.
Целото интервју ТУКА.