ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Викендов интересно во Охрид, различни културно-забавни содржини

July 25, 2020 09:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Летната туристичка сезона во Охрид независно ситуацијата наметната со коронавирусот сепак нуди културно-забавни настани наменети да ги анимираат гостите што летуваат на брегот на Охридското Езеро. Оние манифестации што не беа откажани се одржуваат согласно препораките и протоколите наметнати поради актуелната ситуација со коронавирусот, со редуциран број посетители и со почитување на правилата за дистанца и носење заштитна маска.

Во полн ек е третото издание на  „Beach Film Festival“ што на гостите им нуди несекојдневна можност да изгледаат некое од поновите европски филмски остварувања предвидени во програмата. Покрај киното на плажата „Свети Стефан“ посебна атракција се проекциите на бродот „Армада“, каде вљубениците во седмата уметност уживаат во прекрасниот амбиент на мирното езеро, под ведро небо и млада месечина.

Во тек е и културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во селото Трпејца, каде секојдневно на гостите во туристичката населба им се нудат најразлични содржини, од поетски читања, преку  промоции на книги, уметнички дела, се до фаќање риба на јадица, школо за пливање, театарски работилници за деца.

За денеска во рамки на „На зајдисонце“ на програмата е забавниот настан „Фаќаме риба на јадица“, додека вечерниот термин е резервиран за концертот со евегрин мелодии во изведба на уметниците Емилија Маринова и Јане Тодоровски.

За утре е предвидено да се одржи традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ а во вечерниот термин на сцената Кај Бунарот ќе се одржи настанот озаглавен : „за Трпејца со љубов“ посветена на писателот, хроничар и публицист Данило Коцевски  и неговите раскази за Трпејца и трпејчани. Извадоци од книгата „Патување за Аркашон“ од Коцевски ќе презентира актерката Марија Кондовска, а осврт за книгата ќе има новинарката Јана Коцевска. Вечерта, репризно ќе биде прикажан документарецот „Трпејца на дланка“ премиерно прикажан пред три дена дена.

Како и вообичаено за викендите се очекува во Охрид и туристичките места на крајбрежјето да дојдат поголем број гости од другите градови на земјата. Има и туристи од странство, најмногу од Полска кои пристигаат со специјални чартер-летови, но поради ограничувањата при патувањето нивниот број е неспоредливо помал споредбено со претходните лета.

Next Post

Изложба „50 години традиција“ на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk