ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реставрација на манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези

July 29, 2020 15:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на денешната онлајн седница на Советот на општина Карпош беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези. Советниците го изгласаа и предлогот за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот „Св.Пантелејмон“ кој датира од 12-тиот век и е еден од културно-историските обележја не само на Општина Карпош, туку и на Град Скопје.

Советниците, како што соопшти општината, дадоа „зелено светло“ и за грант од Министерството за труд и социјална политика, со помош на кој треба да се обнови градинката „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.

– Еден од приоритетите на локалната самоуправа е модернизирање на градинките, со цел да се подобрат условите за престој во претшколските установи. На денешната седница, советниците ја одобрија и иницијативата за распишување на јавен повик за формирање на младински совет. Формирањето на овој младински совет треба да обезбеди поактивно учество на младите карпошани во реализацијата на разни проекти и настани, кои се од интерес на младината, како и нивна партиципација во решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа возрасна категорија, се вели во соопштението.

Советниците одобриле и финансиски средства за реализација на дел од проектот „Училиштето е место за поттик на младите за позитивни промени и унапредување на животната средина“ во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“. На седницата се изгласала и одлуката за вработување на кадар во девет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2020/2021.

Next Post

Во Прилеп денеска нема нов случаи од Ковид-19

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk