ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Велковска од Совет на Град Скопје: Планските документи за Скопје мора да бидат зелени

July 29, 2020 10:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 53 седница на Советот на Град Скопје, мнозинството усвои Регулациски план за градска четврт С15 (Општина Бутел). Со него 9,2 хектари земјиште под лозови насади (доминантно државна сопственост) комотно може да стане станбени згради, иако можеше подобро, вели Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје во соопштение.

Таа посочува дека иако постои регулациски план од 2015 година, тој не бил даден на увид на советниците за да може да се направи компаративна анализа и да се утврди квалитативното подобрување на новоусвоениот план.

– Суштинските забелешки по мојата консултација со експерти за урбанистичко планирање се следниве: Иако во ГУП за оваа четврт има предвидено безмалку нула посто зеленило, ГУП е флексибилен и допуштено е 3-4 проценти отстапка за јавни намени, што значи дека најмалку толку може да се додаде зеленило. Ако не се користат механизмите за дозволено коригирање на ГУП, донесувањето на регулациски план нема никаква поента, освен побрзо носење на детални планови кои е уште помалку веројатно дека ќе се носат во корист на јавниот интерес, наведува Велковска.

Новиот регулациски план, додава таа, не ги решава проблемите кои ги констатирал, а, како што вели, имал шанса бидејќи има државно земјиште.

– Заложбите на планерот се само декларативни, за потоа со графичкиот и нумеричкиот приказ да се протне план кој е целосно спротивен на текстуалното образложение. На никаков начин не се гарантира заштита на критичните земјишни ресурси и разумно не се користат со тоа што целосно се пренаменуваат во домување. Планерот си поставува извесни цели и дава препораки (повеќе зеленило за неутрализирање на тропските ноќи) кои не се одразени во графичкиот и нумеричкиот приказ. Таму остануваат само постоечките 0,26 хектари (=2.600м2) парковско зеленило за повеќе од шест илјади жители, иако имало шанса да се зголеми поради големото присуство, т.е. 9,2 хектари (92.000м2) на земјиште под лозови насади веднаш покрај булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, стои во соопштението.

Таа посочува дека се планираат сервисни улици со минимални тротоари од 1,5 метар на кои кога ќе се стават светилки, корпи итн., не ќе може ни двајца да се разминат. Практично, додава, ниту со сообраќаен проект нема да може да се воведат велосипедски ленти внатре во оваа четврт, иако една од декларираните цели на донесување на планот е „насочување на сообраќајниот систем кон користење на еколошки прифатливи средства“.

– Во ниту еден од условите кои планот ги задава за документацијата од пониско ниво, а кои се со правно обврзно значење нема задоволување на следниве потреби сувопарно наведени во текстот: „физичка, функционална, економска, естетска и кохерентна целина што ќе овозможи хуманизација на условите за живеење и работа, да постави висок стандард за задоволување на културните потреби и потребите за одмор, рекреација и здрава животна средина. Основна интенција на новиот плански документ е да ја оствари симбиозата на одржлива визија на просторниот развој на четвртта со оперативниот карактер на документот и реалната просторна стварност“, смета Велковска.

Според неа, овој регулациски план нема ни трага од одржливост, поради што, како што соопшти, предложила да се повлече и унапреди, но предлагачот не се согласил со забелешките што ги изнела.

– Постои реална опасност во следните две години до донесување на новиот ГУП да се усвојат регулациски планови кои ќе ја уништат и последната шанса Скопје да стане зелен град. Колку што ме држи сеќавањето, скопјани не го дадоа својот глас за такви политики, заклучи Велковска.

Next Post

„Ромаверзитас“ ќе додели 210 таблети за ромски ученици

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk