ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е унифициран модел и обука на наставниците

July 30, 2020 13:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Образовниот систем не беше подготвен за настава од далечина и не овозможи квалитетни услови за нејзино одржување, е главниот заклучок од националното истражување за е-наставата во средните училишта за време на кризата со КОВИД-19, спроведено од здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, канцеларија Скопје. Истражувањето е направено од  25 мај до 15 јуни и биле опфатени 407 наставници и 627 ученици од средните училишта од сите региони на државата.

ЛЕАД ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука да се креира национална платформа за далечинско учење која, според акцискиот план од нацрт-концептот, треба да биде воспоставена за две години, но препорачува дотогаш да биде унифициран начинот на спроведување на е-наставата доколку таа продолжи и од 1 септември.

Иван Јованов, извршен директор на здружението ЛЕАД, денеска на средба со новинарите рече дека не може да се предвиди кој од трите начини ќе се избере за новата учебна година (редовна настава, е-настава или комбинирана), но каков и да биде, рече, тој мора да гарантира квалитет и унифициран модел при што наставниците ќе бидат исто ангажирани, учениците ќе добијат еднакво знаење, а оценувањето ќе биде објективно.

Поосочи дека без разлика дали и натаму ќе има далечинска настава, потребна е обука за сите наставници за користење дигитални алатки, но и приспособување на наставните програми во услови на е-настава односно тие да бидат дел од образовниот систем и во редовната настава и неа да ја надполнуваат.

-Каков и да биде начинот, тој мора да биде квалитетен. Ако е далечинско – да бидат овозможени сите услови, исто е и со комбинираната настава. Доколку наставата продолжи онлајн, треба да се избере една платформа која ќе се користи во сите училишта за да биде унифициран пристапот. Потребна е обука за сите наставници за дигитални вештини и, дополнително, да им се создадат услови за да може да спроведуваат настава од далечина, односно да им се обезбедат лаптопи, доколку работат од дома или, пак, отворање на училиштата заради силна интернет-конекција и компјутери кои може да помогнат во онлајн-наставата. Исто така, самите училишта може да закупат ЗООМ-простор, кој воопшто не е скап, а може да помогне во далечинската настава, истакна Јованов за нивните препораки кои му ги доставиле на МОН.

Во истражувањето што го направиле во средните училишта на крајот на учебната 2029/2020, утврдиле пет причини зошто системот не бил подготвен за настава од далечина: пред пандемијата многу малку во наставата се користеле дигитални алатки, односно само во 64 отсто, најчест  начин на е-наставата во трите месеци онлајн-учење (61 отсто од случаите).бил преку праќање презентации и задачи пратени на мејл.

Притоа Јованов посочи дека платформата Едуино, изработена од МОН, кај средношколците е користена само во 1 процент. Причина за неподготвеноста е и ниското ниво на дигитализација односно наставниците немале доволно услови за далечинска настава поради намање опрема (лаптопи), потоа слабата кооординација при реализација на е-наставата односно немање онлајн-распореди во училиштата при што наставниците имале личен избор како и кога ќе ја организираат наставата што довело до забуна кај учениците.

-Имало случаи ученици да добиваат по 15 домашни задачи во еден ден, рече Јованов, посочувајќи и на уште една слабост односно причина што потврдува дека образовниот систем не бил подготвен за е-настава, а тоа е нереалното оценување  односно оценувањето се базирало врз основа на редовната настава и ниту едно училиште не направило евалуација како течело далечинското учење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Полицијата на терен во тетовско Синичане за „бесправно градење“ водоснабдителен систем, целта обезбедување јавен ред и мир

НАЈНОВО

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

October 9, 2025

Судот во Битола го одби предлогот за затворски притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

October 9, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево, ќе ја создаде најголемата градска шума во Расадник

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk