ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Презентиран предлог ДУП за Стара железничка станица, само 8.33 проценти за зелени површини

July 30, 2020 13:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица.

На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – Скопје и Снабдување со топлина БЕГ ДООЕЛ), претставници од сите правни субјекти кои функционираат во овој дел од Центар и засегнатите жители кои живеат на таа локација.

Овој план, како што посочија од Општина Центар, слично и на останатите се изработува со цел усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година. Најголемите усогласувања се направени во однос на новата регулација од ГУП-от, последователно усвоените проекти за инфраструктура, како и преземање на доминантната група на класа на намени Б (комерцијални и деловни намени) од ГУП-от.

– Најголемата промена во однос на претходниот ДУП од 2011-та за оваа четврт е направена кај градежната парцела 1.15, за која површина во претходниот ДУП и ГУП е предвидено зеленило. Од групата на класа на намени Б (комерцијални и деловни објекти), предвидена со ГУП за оваа четврт. Како најсоодветна за жителите на западниот дел од четвртта е избрана класата на намени Б2-големи трговски единици зашто овозможува А2 – домување во станбени згради, како компатибилна намена до 40 проценти од објектот и со тоа решавање на станбеното прашање на луѓето во рамки на идниот развој на четвртта, образложија од Општина Центар.

Од Општината наведоа дека сите останите објекти се задржуваат во површините и обемот предвидени со претходната планска документација, зашто истите се предмет на договорни обврски.

– За културното наследство (Старата Железничка станица) во опфатот на овој ДУП изработени се нови Заштитно – конзерваторски основи кои се одобрени со решение од Управата за заштита на културно наследство во 2019-та година и истите се вградени во планот, истакнаа од Општината.

Напоменаа дека иако ГУП 2012-2022 предвидува нула хектари и нула отсто зеленило, сепак, во опфатот се задржува постојниот парк на југо-источниот крај и други помали зелени површини со вкупна површина од еден хектар или 8.33 проценти од опфатот.

– Доколку граѓаните сакаат дигитално да пополнат, анкетниот лист е достапен во електронска форма на веб-страницата на Општина Центар на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?page_id=6742#JA01) На веб-страницата се објавени и синтезниот (графичкиот) и текстуалниот дел од планот во дигитален формат. Планот исто така ќе биде изложен во читалната „Славко Јаневски“, секој ден од 8:00 до 16:00 часот, заклучно со 14 август 2020, посочија од Општина Центар.

Next Post

Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk