ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: 70 милиони евра, историски најмногу инвестиции од било кога за Битола

July 31, 2020 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

– Министерството за транспорт и врски е партнер на единиците на локалната самоуправа. Владата предводена од СДСМ предвиде системски план за финансирање и реализација на инфраструктурна ревитализација на општините, напиша на ФБ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Во Пелагонискиот регион во овој период се остваруваат капитални инвестиции прв пат после неколку децении. И Општина Битола е дел од Владината стратегија за забрзан урбанистички развој. Направивме огромни капитални инвестиции и вложивме сериозни средства за подобрување на целата инфраструктура, од изградба на канализации и водоводи, преку реконструкција на патиштата, изградба на железницата до Кременица, гасоводот и ред други капитални проекти, потенцира Сугарески.

 

„Завршивме со:
– Рехабилитација на регионален пат Битола – Новаци во должина од 10 км и вредност 1 милион евра
– Рехабилитација на обиколница на Битола во должина од 8 км, вредност 1,53 милиони евра,
– клучка Крклино со влез во Битола, вредност 320 илјади евра
– рехабилитација на регионален пат Битола – Демир Хисар во должина од 10км и вредност 1 милиони евра,
– Рехабилитација на регионален пат Прилеп – Тополчани – Битола, 15 км, вредност 1 милион евра
– санација на мост на државен пат во Р2338 на река Елешка близу Меџитлија вредност од 48 илјади евра
– санација на свлечиште на обиколница Битола во вредност од 230 илјади евра
Активно се работи на:
– Изградба на звучни бариерина обиколница Битола во вредност од 500 илјади евра
– Проектирање за изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија
– Подготовка за рехабилитација на постоечкиот регионален пат од Битола до Меџитлија во вредност од 3 милиони евра
– Подготовка на рехабилитација на регионален пат Битола–Демир Хисар, вредност од 1,7 милиони евра
– реконструкција на регионален пат Бистрица – Породин во вредност од 230 илјади евра
– планирана е реконструкција на регионален пат во (с.Брод)–Бач–Меџитлија во вредност до 160 илјади евра и реконструкција на регионален пат Битола-Маково во вредност од 180 илјади евра.
– и тоа што е најважно за општина Битола обезбедивме 1,4 милиони евра за реконструкција на улиците низ општината.
Во делот на комуналната сфера завршивме со:
– Реконструкција на водоводната мрежа во с.Лавци, вредност 40 илјади евра
– Изградба на систем за водоснабдување на населени места Секирани, Габалавци и Лопатица, вредност од 143 илјади евра
– Реконструкција на водоводна мрежа низ село Породин и изградба на доводен цевковод,, вредност 83 илјади евра
Активно работиме на:
– Реконструкција и изградба на водоводни и канализациони линии на улиците Илинденска и Партизанска во вредност на инвестицијата 600 илјади евра.
– Објавивме тендер за изградба на отворен канал на сливни води со делумно негово затворање од ул. „Лавчански пат“ низ 15 ти КОРПУС, низ СРУ1 во АРМ 1 покрај стадион до Буковски гробишта- дел 4. Вредност на инвестицијата 630 илјади евра.
– Реконструкција на дел од ул.Љубојно како дел од Декадата на Ромите
– Во делот на гасификацијата интензивно се гради магистралниот гасовод од Неготино до Битола во вредност од 36,4 милиони евра
– Исто така во се планира изградба на гасовод Битола – Охрид
– Во делот на железницата ја изградивме пругата Битола – Кременица во должина од 16 км и вредност од 21 милион евра.
Или грубо земено околу 70 милиони евра, историски најмногу инвестиции од било кога за Битола.“ напиша министерот Сугарески.

Ј. Ѓ., 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Честитка од Филипче по повод Курбан бајрам

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk