ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието се конституира во вторник, по Илинден разговори за влада

Премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори.

August 1, 2020 08:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во вторник на пладне под посебни протоколи поради коронавирусот и во друга собраниска сала – Голема купола. Седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот.

По илинденските празници партиите најавуваат дека ќе почнат неофицијалните разговори околу формирање нова Влада.

Премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека купувањето пратеници станало заштитен знак на СДСМ.

– Наводното купување пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание, рече вчера Спасовски за „Утрински брифинг“.

Во врска со тоа дали имаат неофицијални разговори околу новата Влада, Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата таквите разговори ќе ги почнат после празникот 2 Август. Тој даде и коментар за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека е можно да се случат нови избори на есен.

– Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада, истакна вчера Спасовски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисјаловски од власт која, како што вели, организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи.

– Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата. Тоа што работата не им е завршена, не значи дека „понуди” до пратеници нема. А впрочем, купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство, смета Мисајловски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, смета дека за време на изборниот процес власта вршела директен поткуп на гласачите. Тој завчера во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа рече дека дури се случувало парите што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари. Мицкоски најави темелна кадровска реформа во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека не би го изненадило и доколку на есен се случат нови предвремени парламентарни избори ако не успеат ниту тие ниту СДСМ, ниту друга партија да формира Влада. -Ако никој не успее да формира влада не ја исклучувам можноста за нови предвремени парламентарни избори наесен, истакна Мицкоски.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти месецов, СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалициајата АА и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Конечните официјални резулати од изборите беа објавени на 25 јули, кога Државната изборна комисија им ги додели уверенијата на новоизбраните пратеници./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk