ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Скопје 2014 е друго име за смртта на Македонија

August 2, 2020 14:12
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Јас таков микс од лежерност, категоричност, ученост и страст, немам видено во друга личност. Годините и искуството му го омекнале изразот и тонот, но не на сметка на бистрината, чистината и длабочината на скенот што и го прави на Македонија, туку како бонус кој оди на контото на шармот кој извира од непофторливата огнена моќ на интелектуалниот меч и уметничкиот кист во личноста на професорот.

Тоа што Грчев го говори за уставно-правните и културоцидни аспекти на менталниот земјотрес што го погоди Малиот ринг во Скопје со 2014 степени по Вмро, не е само однос кон некакви згради и споменици, кон физиката и естетиката на градот, туку обид да се објасни дека тој проект за Македонците ја има улогата на метеоритот кој пред 66 милиони години ги истребил диносаурусите на Јукатан. Да, да, да! Професорот ни кажува дека метеоритот Скопје 2014, кој полека го затемнува сонцето и ја спушта температурата над нашата мила Македонија, има уставни, правни, естетски, културни и пљачкашки димензии кои не можат да се совладаат така што Македонецот ќе се обиде да им се адаптира. Како што прави сега. Односно може, но само додека не исчезне или еволуира во некое суштество кое може да егзистира без очи, мозок, срце, крв, плазма… Во некоја корона или стрептокока.

Проектот беше реализиран во рамките на прилично оглупавеното и анестезирано, односно, хистеризирано општество, од кое авторите очекуваа, со право, дека во тој и таков транс Македонија ќе произведе доволно лудаци и кретени кои ќе го бранат ако се случи еден ден нацијата да се разбуди од индуцираната кома на вмро. По тоа ќе видите колку е сериозно злото што е користено како лепак за тоните бронза и стиропор. Второто ниво на одбраната беше односно е, грандиозноста на злото што е инсталирано, големината пред која, така мислеа авторите, секоја наредна власт и општеството во каква било кондиција, ќе се сепнат пред да решат да го уриваат. И третата линија беше криминалниот пакет на правното покритие кое им претходеше или ги следеше сите градби. Тука се, Грчев е во право, најслаби, затоа што или премногу брзаа или немаа капцитети да ја разберат уставоправната основа што сакаа на правен начин да ја сјебат. До ниво што денеска лесно може да се докаже дека целиот проект, во сите аспекти, е криминален.

Јас тука секогаш додавам уште една екстра, да не речам, екстремна, димензија: врвната идеја на злото овоплотено во Скопје 2014 беше и е да го покаже културниот, моралниот и социјалниот, историскиот, исто така, дефицит и хендикеп на заедницата која живеејки во долината на реката Вардар, никогаш не можела да се конституира како нација односно историски субјект ако без отпори дозволила да и се случи ваков масакр. Скопје 2014 е друго име за смртта на Македонија.

Но, најголемата опасност е политичкиот опортунизам и временската дистанца која заедно со разорувањето на општествената супстанца по други основи, го вади Скопје 2014 од фокусот на вниманието и го третира само како еден батак на бескрајната лента за конфекционирање на бројлери. Го разводенува тој однос. Постојано го пика во нови контексти.

Критиката е, сепак, елитистичка категорија, а елитата е опортунистичка. Тоа е. Македонија мора да биде политички, правно и културно капацитирана за да го реши проблемот со овој проект, но дури и сегашниот однос на силите не дава основи за голема надеж. Проблемот, меѓутоа, не е толку во неповолниот однос на силите, политичките продуценти на злото повторно беа наградени со 44 мандати, туку во тоа што односот на силите се користи како алиби за непостапување, а не како пречка која треба и мора да се отстрани.

Да се совладува.

Ропството и смртта да се совладуваат.

Зашто, професорот има право: Скопје 2014 зрачи зло, зрачи неслобода, тоа се отворени самоуништувачки радијации кои општеството, за жал, ги прифаќа како што жените ја прифаќале шминката со радиумот. Моите идеи се познати: меѓународен конкурс за урбанистичко, архитектонско и функционално решение за Малиот ринг за да се дистанцираме од партиско-политичките субјективности и поделби. И дисквалификации. Независна експертиза и проекција што треба да се урива, што треба да се преобликува, што треба да се пренамени. Во меѓувреме, можеме и самите да се справиме со некои очигледности на злото, Триумфекалната капија може да се пресече во основата, лакот да се однесе во Паркот ма лудоста (Грчев), а на местото, како израз на добрата воља, да остане само дупката, постаментот на Аце исто така да се пресече, а Букефал и воинот на коњ да им се дадат на старо купујем, заедно со лавовите и гардистите, Гоце да оди во Кукуш, Даме во Ратево, а Кирил и Меродиј у пизду материну.

Крајно штетната улога на Скопје 2014, драги мои, се гледа, меѓу другото, и во тешката деградацијата на новинарството и на медиумскиот сектор во целина.

Гоце во “Само интервју” (има ли поглупантропски наслов на една емисија), ја играше улогата на молња која го прекинува телевизискиот пренос во моментот кога Фернандеш шутира пенал против Лестер. Водителот беше дефектот кој го сече кадарот во моментот кога Моника почнува да се мачка со ракија за да ја протера настинката. Шум и снег на екранот. Со тактот односно нетактичноста, со рамната и рамнодушна, проста, народносна интонација од некое вечерно школо за описменување, со инфантилноста од најдлабоките новинарски дупки, особено, во однос на грандиозноста на проблемите. “Зошто да се урива Триумфекалната капија кога под неа може да се минува!?”. Хахаха! За малку ќе умрев од смеа. А потоа од тага. “Се исплатува ли да се вади скалпелот што во стомакот на Македонија го заборавија хирурзите на Груевски, па тој и така и така е наш, македонски скалпел!?” Или така некако. “Дали е точно дека сте рекле дека македонската нација е создадена скоро,односно дека не е од палеолитот како што викааат научниците од академијата на ветераните на вмро-дпмне…!?” “Има ли смисла да се урива ѕидот на пистата на Аеродромот Скопје само за да можат да слетуваат и полетуваат некакви авиони?!” “Колку пари ќе чини отстранувањето на тој ѕид!?”

Да бев газда ќе влезев во студиото и пред вклучените камери, ќе му речев, ајт со мене Гоце, пушти го професорот да си ја каже приказната…

Од сто водители на само вистини, само интервјуа и само срања, топ теми и шеми на кретени, 98 треба да се избркаат на сличен начин. Да се изврши темелна дезинфекција на студијата и конечно да и се даде шанса на пристојноста.

Гоце, меѓутоа, има една огромна олеснителна околност. Тој ја прекина симултанката на Жмицко и на Пандов, да и на Сотирчо, ги симна за момент Гога и Сузана и овозможи и покрај себе, професорот Грчев да ни ја обнови надежта во паметта.

Дали и со кое темпо ќе се урива и преобликува злото, како ќе му се испумпува моќта, не се знае, но убаво би било седниците на владата, независно од темите кои се на дневен ред, да почнуваат со Грчев како што римскиот сенат почнувал со Катон и неговата опсесија со Картагена. Да, и првите часови во осмолетките и средните училишта би можеле да почнуваат со Грчев. Ако еден ден се вратиме на филмските журнали, тој би можел да биде вовед во новите и стари филмови. Во нашиот филм во кој Македонија е пронајдена мртва без траги на насилство. Надлежните мислат дека се работи за самоубиство.

 


Сите права се задржани.
Next Post

Коневски до Мицкоски: Нa Илинден треба да обединуваш, а ти клеветиш - оди си од ВМРО-ДПМНЕ!

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk