ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на Ковид -19.

August 3, 2020 08:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и Битола. Регистрирани се 185 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.

Од вкупниот број активни случаи во државава – 3.675, во Скопје има 1.372, во Штип – 428, во Гостивар 269, во Куманово – 263, во Тетово – 237, во Струга – 202, во Свети Николе – 165, во Дебар – 118, во Кичево – 105…

Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци за изминати 24 часа, примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Од скопските општини најголем број активни случаи и натаму има во Чаир – 170, по кој следат Аеродром – 156, Кисела Вода – 149, Гази Баба – 139м Центар – 120, Карпош – 120, Шуто Оризари – 111, Ѓорче Петров – 97, Бутел – 87, Сарај – 65, Студеничани – 48, Арачиново – 24, Илинден – 23, Сопиште – 21, Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Зелениково – 8. Има и шест активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет.

– Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете, порача Филипче на својот ФБ профил.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево и топло со температура до 35 степени

НАЈНОВО

Скриншот

Добитник на Нобеловата награда за мир е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо

October 10, 2025

(ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

October 10, 2025

Две жртви во силниот земјотрес на Филипините

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk