ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конституиран новиот српски Парламент, реакции на опозицијата

August 3, 2020 14:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со полагање на заклетва на народните пратеници денеска во Белград е конституиран новиот српски Парламент, јави дописникот на МИА од Белград.

Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Смилја Тишма (91г.) која претходно констатираше дека комисијата за верификација направила извештај за спроведените избори и дека сите 250 пратенички уверенија се во согласност со извештајот на РИК, како и дека се исполнети условите за потврдување на мандатите на сите пратеници.

Тишма соопшти дека пратениците ќе бидат информирани за датумот на одржување на седницата дополнително. Како што кажа таа, пратениците сега имаат обврска да формираат пратенички клубови и да ја предадат таа одлука, како и имињата на претседателот и заменик-претседателот на пратеничкиот клуб.

Заседанието се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус.

Според резултатите од изборите, кои беа бојкотирани од поголемиот дел на опозицијата собрани околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС), листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија (СНС) има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) има 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ има 11 пратеници.

Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија.

Од конституирањето на новото свикување на Собранието започна рокот од 90 дена за формирање на новата српска Влада, која според српскиот претседател Александар Вучиќ, треба да биде формирана до крајот на овој месец.

Учесниците на протестот, кој го организираше опозициското движење Доста Беше (ДЈБ), меѓу кои беше и расчинетиот калуѓер Антоније Давидовиќ фрлаа јајца и домати во зградата пред Домот на Народното собрание на Србија, кога ги видоа пратениците како излегуваат од него.

По конституирањето на собранието, од опозицијата реагираше и Мариника Тепиќ, потпретседателка на Партијата за слобода и правда (ССП), која пред Собранието, изјави дека „опозицијата која ги бојкотираше изборите, со зборови, се бореше да покаже дека во Србија има едноумие и еднопартиска држава“.

Таа додаде дека единството на опозицијата е единствениот можен пат и дека до „слободни избори“ сите мора да одат заедно, затоа што ова нелегитимно собрание не може да преживее повеќе од една година до година и половина.

Реагираше и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој изјави дека „денес, нема смисла да учествува во риалити, добро е да се види како изгледа Собранието на Србија без опозиција, да се соголи диктатурата и да се види како пратениците даваат заклетва на Вучиќ“.

Во соопштението потпишано од Иницијативниот одбор на Собранието на слободна Србија се наведува тие ќе бидат место каде што ќе се слушнат различни мислења на различни политички и социјални групи, кои целосно ја изгубија можноста да ги артикулираат своите политички ставови преку официјалните институции.

Формирањето на Собранието на слободна Србија беше иницирано од повеќе интелектуалци, како алтернативно тело чија цел е да ги собере сите граѓани кои сакаат да создадат подобра, демократска Србија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сè уште трае потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско езеро

НАЈНОВО

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025
Фото: Скринчот од видео на WHAS11

Путин призна дека руската воздушна одбрана отворила оган врз азербејџанскиот патнички авион во 2024 година

October 10, 2025

ЕУ воведе нови правила за политичко рекламирање, задолжително откривање на финансиерот и целта

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk