ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трпкова: Брзите профити ќе ни ги изедат децата побрзо и од вирусот и од глобализацијата

August 4, 2020 10:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид 19 во најдобар случај ќе придонесе повеќе за личната грижа. Освен првичните три мерки, маска, дистанца, хигиена, уште поважно ќе биде разбирањето за тоа што значи здрав живот и добар имунитет.

До вакцина не се доаѓа лесно, ниту пак до лек. Исто како и до добар имунитет и здрав организам. Не знам колку генерално човештвото би прифатило дека подобрата, идна верзија на човекот е инвестиција во здравјето. Не само во лекови и болници, туку во секојдневните најобични активности од – грижа за околината, до свесна одлука за непушење, непиење и небутање шеќери и лебови, за стомакот да биде полн, а здравјето празно! Тоа се вика свесно живеење, познато како превентива.

Промените почнуваат од вакви мали чекори и траат долго. Промената не доаѓа со револуција или со насилно рушење систем и поредок. Исто како што ни свесноста за опстанок не доаѓа преку ноќ. Но се чини дека оваа хипотетички најдобра придобивка од ковид 19, би можела да нè направи барем малку поздрави луѓе. Зашто ако човек нема однос кон себеси и сопственото здравје, како би бил човек што се грижи за колективното. Илузорно е да се надеваме дека пороците, навиките и робувањата на предмети и луѓе, немаат ништо блиско со општествените промени (ако не беше така одамна ќе имавме рај на земјата).

Секој од себе почнува. Човекот би може да се усоврши исклучиво со одлуки што ќе ги носи за себе, без притисок, свесно, доброволно. Ако тој успее во ова, ќе може да “соли” памет и на другите. Добар дел од болестите стекнати во животот се поради лош начин на живеење. Сиромаштијата не е изговор. Необработените ниви преку ноќ стануваат фабрички хали заради брзи профити и моментални заработувачки и за селаните и за инвеститорите. Копањето земја и чувањето стока се единствено долгорочно решение, наместо купување кинески коштани и ориз и призведување автомобили… сите сакаат “модерен” живот, а богатите македонски почви лежат недопрени, чекајќи булдожери.

Новите генерации треба да се поттикнат да се враќаат кон природата, да ја сакаат и да живеат во симбиоза со неа. Кој не’ спречува во тоа?! Кој не’ спречува да подигаме здрави и вредни деца?! Кој не спречува да имаме почист воздух и да можеме да држиме настава во природа барем 6 месеци во годината… И без разлика на тоа за што ќе се одлучат децата потаму, сите задолжително да имаат секојдневна физичка активност/работа на нива и природа во курикулумите. Инаку ова не е ништо ново, се случува одамна во европските земји, само што кај нас ниту има кој да пишува, да зборува, да турка и да преземе иницијатива за промените. Брзите профити ќе ни ги изедат децата побрзо и од вирусот и од глобализацијата.

Фејсбук пост на Синоличка Трпкова

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денеска, во три групи

НАЈНОВО

Скриншот

Добитник на Нобеловата награда за мир е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо

October 10, 2025

(ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

October 10, 2025

Две жртви во силниот земјотрес на Филипините

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk