Во Црна Гора се потврдени уште 50 случаи на коронавирус во последните 24 часа, а починале четири лица, што е најголем број смртни случаи за еден ден досега.
Заменик-директорот на Институтот за јавно здравје, Сенад Бегиќ, на прес-конференцијата рече дека биле тестирани 481 лица, како и дека 163 пациенти се опоравиле од коронавирусот, пренесува порталот Вијести.
Од почетокот на епидемијата во Црна Гора, регистрирани се вкупно 3.411 пациенти, додека починале 57 лица, од кои 48 починале во периодот од почетокот на јуни до денес.