ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

August 5, 2020 12:18
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поддршка на доењето за поздрава планета“ е годинешното мото на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август. Неделата на доење, годинава, се одбележува под посебни околности, во знак на глобалната пандемија со Ковид-19.

Од Комитетот за доење посочуваат дека согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ, мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19, бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза. СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење. Многубројните предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.

Досегашните научни истражувања покажуваат дека новиот коронавирус не се пренесува преку мајчиното млеко. Стручните лица препорачуваат, за време на доењето и контактот со бебето да се применува респираторна хигиена, доколку е можно да носи маска, да се мијат рацете пред и по допирање на бебето со сапун и вода или дезинфициенс на база на алкохол.

-Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје, не само во периодот на детството, туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост. Во согласност со препораките на СЗО доењето треба да е ексклузивно во првите шест месеци од животот, да трае до две години и подолго, паралелно со воведувањето други видови храна по шестиот  месец, објаснуваат од Министерството за здравство.

Република Северна Македонија со години наназад има имплементирано голем дел од  препораките на СЗО, кои имаат за цел да го промовираат и заштитат доењето. Формиран е и Национален комитет за доење. Воедно, преку Програмата за здравствена заштита на мајките и децата, континуирано  се спроведуваат активности за промоција и заштита на доењето и се вршат обуки на здравствените работници од патронажните служби и превентивните советувалишта во здравствените домови, каде тим од лекар и сестра се постојано на располагање во давањето стручна помош за справување со сите можни предизвици поврзани со доењето, информираат од Министерството.

Во однос на тоа дали може да се пренесе вирусот од мајката на бебето, од Комитетот за доење истакнуваат дека постојат студии кои се контроверзни, тие коишто пронашле вертикална трасмисија на вирусот се со мал процент од 7 до 10 проценти, а бебињата се без симптоми или со лесна клиничка слика.

Од Комитетот за доење потенцираат дека мајките суспектни или Ковид-19 позитивни пожелно е да ги дојат своите бебиња, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи. Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори, објаснуваат од Комитетот.

Во однос на тоа дали во мајчиното млеко кај Ковид-19 позитивна мајка може да го има SARs- CoV вирусот, реализирани се повеќе студии во различни региони од светот и во ниту една од нив не е докажано присуство на вирусот во мајчиното млеко. Тоа значи дека единствен начин на којшто мајката може да го пренесе вирусот на своето дете е преку респираторните патишта.

Next Post

Надал нема да игра на УС Опен

Shortcut

Најново

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

МВР: Со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk