Изминаа 4 години од катастрофалните поплави во Стајковци, Арачиново, Сингелиќ и Смилковци во кои загинаа луѓе и беа нанесени големи штети, потсети на Фејсбук лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев.
-Денес, запрени се непланското градење и игнорирање на локалната инфраструктура кои беа едни од причините за штетите од поплавите. Постојано вложуваме во вистинските приоритети на граѓаните и за кратко време постигнавме видливи резултати. Денес, државата, институциите покажуваат вистинска грижа за сите граѓани, во сите населени места. Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори трагедијата од Стајковци- напиша лидерот Заев.