ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали е ова уште една лага и игра со нервите: ИНА објави дека ДУИ ќе се откаже од прв Албанец премиер ако Заев не е мандатар?!

August 7, 2020 22:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) може да излезе со друг мандатар кој ќе ја формира Владата, а не со нејзиниот лидер Зоран Заев. Ова би можело да биде компромис меѓу СДСМ и ДУИ, кој ќе се откаже од својот предлог за прв Албанец премиер, велат извори од партијата за Iliria News Agency (INA).

Извори на партијата за агенцијата изјавиле дека ова прашање е на преговарачката маса, но дека ништо не е конечно, бидејќи на Заев му е тешко да се откаже, бидејќи тој е победник на изборите.

„Ова е еден од предлозите, кој има за цел владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период“, дознава INA од партиски извори.

Според агенцијата, меѓународната заедница бара и Влада со нови имиња, кои не се вмешани во прислушувања и скандали за корупција, но и други скандали, бидејќи веќе е земја членка на НАТО.

Дали станува збор за дезинформација, вистина, уште една игра со нервите на народот или пак само желба за кликови и лајкови, би требало да се дознае многу скоро, бидејки роковите за формирање на влада течат.

Пред неколку дена и претседателот на земјата, Стево Пендаровски говореше во слична насока. Според него, следната влада треба да се формира со континуирано почитување на следниве три критериуми: прво, сите министри, не само оние кои се директно одговорни за европска интеграција, да бидат луѓе со демократски капацитет и проевропска ориентација; второ, да бидат луѓе кои не биле вклучени во никаква криминална афера, со оглед дека нашиот најважен предизвик во наредните години ќе биде владеење на правото, и последно, но не и најмалку важно, не само првиот ешалон на службениците, но и вториот и третиот, да добијат безбедносен сертификат од НАТО затоа што како земја-членка само тогаш ќе нè прифатат како сигурен партнер на Алијансата.

Инаку, само пред неколку часа СДСМ обзнани дека генералниот секретар на Николовски и Артан Груби, висок претставник на ДУИ имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Република Северна Македонија за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

„Разговаравме за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Потврдивме дека немаме друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија.

Целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротиставиме на сите форми на национализам и омраза.

Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ.

Согласни сме дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор.

Потврдивме дека партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен“, велат од СДСМ.

Д.Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk