Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19.
Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги.
Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.