Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека добил позитивен тест на коронавирус за неговиот 60-ти роденден. Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот”, напиша тој на Твитер.
„Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро“, додаде тој.
„Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот“, напиша тој.
Тој додаде дека во изолација планира да чита, да пишува, да се одмори и да прави планови и дека го слави својот 60-ти роденден полн со желба и ентузијазам.
„Голема прегратка за сите“, напиша актерот, кој моментно е во неговиот дом во Кобам, Сари, Велика Британија.