Бројот на луѓе кои се заразени со вирусот Кковид-10 во светот надмина 20 милиони и сега изнесува 20.026.161, објави интернет страницата ворлдметерс.
Од почетокот на епидемијата починале 734.020 луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле.
Во моментов, активни се 6.391.516 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент се во критична состојба.
Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, каде има по повеќе милиони заразени, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.
Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле над 361.000 лица, а починале повеќе од 28.500 лица, и која е на 10-то место во светот по бројот на пациенти.