ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шутц: Споровите на Западниот Балкан треба да се решаваат во духот на добрососедството

Предлог рамката за преговори (за членство), предложена од Европската комисија на 1 јули ја нагласува заложбата за добрососедските односи и поблиска регионална соработка, како и важноста за постигнување на видливи резултати и спроведување на билатералните договори со добра волја, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција и Договор за добрососедски односи со Бугарија, вели Шутц во интервју за БИРН.

August 10, 2020 09:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Споровите во регионот на Западниот Балкан, вклучително и оној меѓу Северна Македонија и Бугарија, што би можеле да влијаат на членството во ЕУ, треба да бидат решени во духот на добрососедските односи, смета директорката за Балканот во германското Министерството за надворешни работи, Сузане Шутц.

– Предлог рамката за преговори (за членство), предложена од Европската комисија на 1 јули ја нагласува заложбата за добрососедските односи и поблиска регионална соработка, како и важноста за постигнување на видливи резултати и спроведување на билатералните договори со добра волја, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција и Договор за добрососедски односи со Бугарија, вели Шутц во интервју за БИРН.

Според неа, формулата во договорот меѓу земјава и Бугарија, усогласен од премиерите на двете држави Зоран Заев и Бојко Борисов, според која, историјата треба да им се остави на историчарите, и натаму останува во игра.

– И двете земји треба да ги решат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, на примнер преку комисијата на историчарите, додава Шутц.

Таа потенцира дека заеднилкото копретседавање на Скопје и Софија со Берлинскиот процес во текот на оваа година претсавува многу добра можност за надминување на билатералните разлики, дополнително продлабочување на соработката во регионот на Западен Балкан и зајакнување и проширување на меѓусебната доверба.

Според Шутц, Германија има за цел да ги финализира преговарачките рамки и да ја одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, доколку се исполнети условите, исто како и со Албанија, во текот на германското претседавање со ЕУ во втората половина од оваа година.

– Западниот Балкан е високо на агендата на германското претседателство со Советот на ЕУ, но конкретниот напредок на државите кон интеграцијата во ЕУ – од започнувањето на преговорите, до отворањето на поглавјата – зависи од нивната заложба за владеење на правото и слободата на медиумите, додава Шутц.

Според неа, Германија сака да види „обновен интензитет“ во односите меѓу ЕУ и Западниот Балкан, особено по одлуката на Советот на Унијата за отворање рна преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија и усвојувањето на пакетот помош од 3,3 милијарди евра за земјите од регионот за ублажување на последиците од пандемијата со коронавирусот.

– Ние сакаме да ја одржиме оваа позитивна динамика. Ова значи, пред се, и понатаму да се постават темелите за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија преку финализирање на преговорачките рамки. Работиме напорно со нашите партнери во ЕУ и со Северна Македонија и со Албанија за постигнување на оваа цел, додава Шутц во интервјуто. /МИА/

Next Post

МЕПСО: Тарифата за пренос на електрична енергија ја утврдува надлежното регулаторно тело

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk