ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сите се во игра, само вмро е аут!

August 10, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ 

ДУИ е за премиер Албанец, но не по цена таа опција да ја прави со вмро-дпмне!

Во Северна Македонија како европска стварност и перспектива.

Секое коалицирање со вмро-дпмне, особено, пак, врзано со идејата за Албанец премиер, е опција за растурање на Македонија!

И за некои други, важни, геополитички разместувања во регионот.

Расипничка работа која Албанците не би можеле да ја поднесат.

И Македонците, се разбира.

Тоа не значи дека идејата за Албанец премиер е дезинтегративна.

Не, обратно, но таа автоматски станува раскурцувачка во допир со злосторничката антимакедонска инсталација што се вика вмро-дпмне.

Со оглед на таквите импликации, јас не верувам дека ДУИ ќе оди кон таков радикален крај, кон имплозија на Северна Македонија и на откачување на геополитичките сидра на Балканот.

Ниту дека меѓународниот фактор, односно Американците и Брисел, ќе му дозволат на Али на таков начин да се забавува со луѓето.

Но, останува фактот дека Македонците се темелно декапацитирани низ каузата на вмро-дпмне.

И политички и етнички и идејно и национално…

Низ смртоносната кауза која ја сметаат за бит на своето постоење.

Неверојатно.

Тие не се алтернатива како што алтернатива на живата баба не е мртвата баба.

ДУИ има одиграно важна улога во стабилизацијата и европската интеграција на Северна Македонија. Таа е родена како дел од геополитичкиот план на Западот. Фирмата се лизна од генералната патека за време на злосторничката коалиција со вмро-дпмне на Груевски, но мислам дека искуството со сдсм ја врати на вистинската патека, се разбира, со не мали криминални рестлови.

Кои се очигледни, но, не се доволно силни односно системот не е доволно силен, за да ја компромитираат политички и правно.

Од друга страна не гледам зошто не би се обиделе да ја капитализираат својата велелепна изборна победа.

И во односите со Заев и со СДСМ, односно со коалицијата „Можеме” и во односите со другите албански фактори.

Таква е специфичната тежина на партијата.

Максимирањето на тој изборен профит е нормална работа.

Ахмети не би бил лидер кога тоа не би го правел.

Без оглед на тоа колку неговото поведение изгледа провокативно за другата страна. Тука не мислам само на македонската страна, која трдиционлно се рацмиздрува во вакви ситуации, и сипува моралистички конфети од својата националистичка кофичка, туку и на албанските фктори меѓу кои Ахмети ќе сака да се наметне како цар обединител.

Гаши и Села не сакаат да бидат во влада со ДУИ!?

Океј, но тоа значи дека одлучиле да бидат во опозиција во наредните неколку мандати, можеби, и до крајот на векот.

Можеме да извлечеме неколу заклучоци:

Прво, идејата за Албанец премиер во денешната политичка и геополитичка констелација е реална опција само во договор меѓу ДУИ и другите албански партии со сдсм и нивната коалиција,

Тоа е така и така ќе остане ако идејта за Албанец премиер се третира како фактор на натамошна интегрција на заедницата, а не како инструмент за нејзиното растурање.

Во овој мандат тоа е неизводливо.

Особено не на ваков начин.

Второ, нема подобра опција за живот на Албанците и на Македонците и на сите други, од Северна Македонија. Сите се во потрага по причини дека не ја бива, но јас мислам, а мислам дека така мислат сите рзумни луѓе, дека ова држава, спротивно на произведената хистерија, е неверојатна оаза на добриот, мирен, можеби не богат, но спокоен живот.

Апелот на Ахмети за средба на албанските лидери е притисок врз Заев, но не би рекол дека е некоректен.

Тоа е ситуацијата.

Заев има ограничен простор за маневрирање.

Кој му е крив и на него и на нас што од другата страна немаме нормална политичка понуда.

Односно ја имаме смртта.

Добро е тоа што во такви ситуации е најдобар.

И што општиот разум е на негова страна.

И светот.

Минус глупантропските Македонци.

Од кикифризиска раса.

Да не заборавиме.

Сè на сè, драги мои, влада и мнозинство од разумни Македонци и паметни Албанци ќе има  можеби веќе кога ќе го читате овој текст. Луѓето на изборите обезбедија политичка  основа за просперитет, светот е со нас, нема причини да не сме оптимисти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk