ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уште пет дена за договор за нова влада, бизнисот чека нови мерки

August 10, 2020 07:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат разговорите меѓу политичките партии за формирање ново парламентарно мнозинство и понатаму без официјална потврда за евентуален договор. Тоа треба да биде направено најдоцна до петок кога истекува десетдневниот рок, по кој претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање влада.

Изминатиот викенд информации и пораки за разговорите претежно беа испраќани преку соопштенија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии, што се во трка за нов владин кабинет. Организацијата на работодавачи, пак, побара итно формирање влада за да донесе нови мерки што ќе му помогнат на стопанството.

СДСМ повтори дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија, велат од партијата, и додаваат дека е јасно оти државата нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

– Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ, појаснуваат од СДСМ.

Партиите, како што наведуваат, се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен.
Во петокот попладне генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски имаше средба со организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби со кого, како што соопштија, имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, и вчера преку соопштение побара СДСМ да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада.

– Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните. СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски викендов одговарајќи на новинарско прашање за преговорите за формирање нова Влада, рече дека имаат комуникација со сите политички партии и додаде оти не би навлегувал во детали за да не ги наруши процесите.
– Од она што можеше да се забележи имаше една средба меѓу претседателот Мицкоски и претседателот ДУИ, Ахмети која се одржа во Собранието траеше околу еден час, се разговараше за повеќе теми и не би сакал да навлегувам во детали да не наштетиме на процесите. Доколку и како ќе се развива ситуацијата натаму ќе бидете благовремено известени од наша страна, исто како што бевте транспарентно и минатиот пат. Инаку во однос на комуницирање со партиите ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на пријателски начин тоа го прави со сите политички партии, наведе Арсовски.
Порака за што побрзо формирање на Владата вчера упати Организацијата на работодавачи, од каде потенцираа дека тоа е неопходно за да се донесат нов сет антикризни мерки. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома, или се позитивни на коронавирус или се во изолација. – Мора да се донесат сет на мерки со цел да се зачуваат работните места. Една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.
Уставот предвидува претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
На парламентарните избори што се одржа на 15 јули годинава, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ доби 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два, а ДПА еден мандат.
Next Post

Ниту еден активен случај на Ковид-19 во Пехчево

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk