„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош“. Ова е изјава на Владимир, брат на Ди Џеј Ицко, која ја објави минисетрот за здравство Венко Филипче.
„Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус“, вели Владимир.