ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Евреите од Бугарија: Прогласувањето „соросоиди“ и од Каракачанов и од сите други е еднакво на антисемитизам

August 11, 2020 16:18
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, РЕГИОН

На изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, „Соросоидни НВО-а сакаат да ја земат власта, да воведат геј бракови“, реагираше Организацијата на Евреите во Бугарија (ОЕБ) „Шалом“, која порача дека ваквата реторика е антисемитистичка во срж, пренесува „Мета.мк“.

Каракачнов ја даде оваа изјава на 32-от ден на протестите со кои се бара оставка на бугарската влада. На социјалните мрежи ваквото искажување на Каракачанов беше проследено со многу коментари, од кои голем дел беа антисемитистички.

„Шалом“, организација која ги обединува Евреите во Бугарија, порача оти е силно вознемирена од изјавата на Каракачанов. Истовремено, порачува дека постојаното прогласување „соросоиди“ иако не се прави во врска со еврејската припадност на милијардерот, бизнисмен и хуманитарец Џорџ Сорос, во суштина е антисемитизам.

„Вмешувањето на името на Џорџ Сорос, унгарски Евреин што го преживеал Холокаустот и е еден од најголемите современи филантропи, во различни конспиративни теории е не само неумесно, туку и потсетува на времињата кога нацистичката пропагандна материја ги посочувала Евреите како „пример“ за постигнување на своите политички цели.

Во последните години името на Сорос, односно терминот „соросоид“ се користи од сите крајно десни организации и политички лидери во Европа и САД, како дел од конспиративните теории, врклучително и оние за ширењето на ковид-19 и Евреите-ционисти.

„И покрај тоа што тие теории поврзани со Џорџ Сорос не го споменуваат неговото еврејско потекло, тие имаат силен антисемитски карактер и служат како основа за вклучување на Евреите во социо-економските процеси во државите низ целиот свет“, соопшти „Шалом“ преку својата Фејсбук-страница.

Организацијата на Евреите во Бугарија порачува и дека не смее да се дозволи јазикот на омразата да завладее со бугарското општество.

„Минуваме низ многу тежок егзистенцијален период од нашата бугарска историја и не смееме да дозволиме јазикот на омразата да завладее со бугарското општество. Ги повикуваме бугарските политичари да не го вмешуват името на Џорџ Сорос во различни конспиративни теории, како и да не дозволат распространување на неонацистичка идеологија во општеството“, порачаа Евреите од Бугарија.

 

Next Post

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Велушка Тумба, наскоро ќе бидат објавени трудови

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk