ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Продолжува летното кино, почетоците на проекциите во 20 часот

August 11, 2020 15:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Од вчера повторно е отворено за публика Летното кино, кое беше затворено поради неколкудневниот период на силни дождови и променливо време што ги зафатија Скопје и поголемиот дел од државата, информираат од Кинотека.

Дождовите не само што ја одложија филмската програма на неколку денови, туку го одложија и свеченото именување на ова летно кино, кое во минатата среда (на 5 август) требаше и официјално да го добие името „Мирно лето“, според играниот првенец на филмската режисерска легенда Димитрие Рули Османли.

-Името не случајно е избрано за ова летно кино, со желба истото да се одрази и на функционирањето на кинотечната програма овие денови, и навистина летото да мине мирно и во најдобар ред. Логото беше испишано на ѕидот веднаш до филмското платно, поканите врачени, пијалоците спремни… Но, се случи истото како и во филмот, односно новоименуваното кино ја сподели судбината со Мира и Заре, главните ликови на оваа прва македонска комедија од 1961 година. Посакуваното „мирно“ лето се претвори во „бурно“ , а во случајот на Кинотека и – во „дождливо“. Реализацијата на она што е планирано не зависи секогаш од нашите желби и вложувања, велат од Кинотека.

Вчера на програмата беше играниот филм ТИЕ (LORO, 2018) во режија на Паоло Сорентино кого го паметиме по оскаровецот „Големата убавина“ (2013) и тв-серијата „Младиот папа“ (2016).

Следните денови, ако се е во ред со временските прилики, на репертоарот се документарниот „Битлси: Осум дена во неделата“ на Рон Хауард (вторник, 11 август), комедијата „Скитникот од плажата“ (2019) на Хармони Корин, драмите „Климакс“ (2018) на Гаспар Ное, „Златна ракавица“ (2019) на Фатих Акин, „Офицер и шпион“ (2019) на Роман Полански и други.

Откажаните проекции на филмовите ќе бидат презакажани наредниве денови, информираат од Кинотека.

Оттаму ги потсетуваат љубителите на филмот дека проекциите почнуваат во 20 часот.

Next Post

Приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 вработени ако не добијат помош од државата

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk