ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија од 1 септември основците до четврто одделение во училишта, другите ќе следат комбинирана настава

August 11, 2020 16:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот владин кризен штаб за спаравување со новиот коронавирусот денеска донесе одлука најмладите ученици да одат на настава во училиштата, додека за постарите ученици ќе се изведува комбинирана настава, изјави заменик директорот на Институтот „Батут“, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, таа објасни дека најмладите ученици ќе одат на училиште, почитувајќи ги сите мерки, меѓу кои се и принципите за намалување на физичката можност за пренесување на вирусот, што значи максимално намалување на бројот на ученици во едно одделение.

Според неа, во една училница ќе може да има до 15 ученици, кои ќе седат на растојание од најмалку 1,5 метри, а часовите ќе бидат скратени на 30 минути.

По седница на Кризниот штаб, Кисиќ-Тепачевиќ на новинарите им изјави дека се разгледани сите аспекти, како што се бројот на учениците во училиштата, возраста на децата и посебно внимание ќе се посвети на нешто што постојано ќе се следи, а тоа е моменталната епидемиолошка состојба.

Таа истакна дека во Србија сега има состојба кога мерките за превенција даваат ефекти и има поповолна епидемиолошка состојба.

  • Во согласност со тоа, беа донесени решенија за тоа како да организираме часови во следната учебна година. Направивме се за најмладите ученици колку што е можно повеќе да одат на часови во самото училиште. Ова е важно за нивното идно школување. За другите оделенија ќе имаме различни комбинации на изведување на часовите, објасни Кисиќ-Тепавчевиќ.

Таа потенцираше дека е важно сите мерки на превенција да се почитуваат за време на престојот во училиштето, со што ќе се намали ризикот на најмала можна мерка за пренесување на инфекцијата.

-Предвидено е целиот прв училишен ден во сите училишта да биде посветен на превенцијата, начинот на спроведување на превенцијата и важноста на превентивните мерки како нова форма на однесување што ќе направи безбеден престој во училиштата за децата, додаде таа.

Кисиќ-Тепавчевиќ наведе дека маската е превентивна мерка, која мора да се носи правилно, да се покријат носот и устата, без оглед на видот за кој станува збор, нешто со што ќе мора да живееме во наредниот период.

Таа посочи дека во училишната средина наставниците цело време ќе треба да носат маска и дека за децата ќе се дефинираат процедури кога е задолжително да носат маска и кога се препорачува маската да се одложи на одредено место, со тоа што учениците ќе мора да носат маски од влегување во училиштето до нивната клупа, која нема да ја менуваат.

-Се препорачува носење на маска за целиот период на престојот во училиштето, но можно е учениците да ја одложат кога ќе седат на клупи, иако и тогаш се препорачува да носат маска, додаде Кисиќ-Тепавчевиќ.

Таа изјави дека планот за едукација во врска со вирусот е разработен во изминатите недели и дека тој ќе биде објавен во последната недела од август.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Евреите од Бугарија: Прогласувањето „соросоиди“ и од Каракачанов и од сите други е еднакво на антисемитизам

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk