ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За образование по мерка на детето

Ова е можност да го промениме нашиот пристап кон образованието. Од крут и еднозначен систем кој не се прилагодува на децата туку ги вметнува децата во ист шаблон, можеме да почнеме да развиваме флексибилен, креативен систем кој ќе се прилагодува на потребите на децата и на заедницата. Ова ќе значи и развој на нов пристап во едукацијата на наставниците и воспоставување нов начин на комуникацијата со родителите како партнери во образовниот процес.

August 11, 2020 08:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА / ЦИВИЛ МЕДИА

Секогаш ми било проблематично кога власта се обидува со декрет и на истоветен начин да регулира хетерогена општествена материја и посебно за материја поврзана со човековите права (кои се преклопуваат, се испреплетуваат и се поставени во нераскинлива меѓузависност).

Кога станува збор за заштита на најдобриот интерес на децата мора да бидеме што е можно покреативни и пофлексибилни во решенијата и да овозможиме највисоко ниво на индивидуализација која ќе овозможи вистинска заштита на правата на детето, која ќе ја сведе дискриминацијата на најниско можно ниво и ќе води грижа за аплицирање на холистичкиот пристап (кој ја има предвид целината, а не само одделни делови) во практикување на правата кога станува збор за децата.

Што би значело тоа во однос на изведувањето на наставата во Македонија во услови кога сè уште постои опасност од зараза од вирусот КОВИД-19?

За дел од учениците (оние кои учат во училишта во кои, на пример, има 5 или 9 или 11 ученици во прво/второ/трето одделение), нема потреба да не се организира наставата на учениците со физичко присуство.

За дел од учениците кои живеат во места каде што има лесен и широк достап до интернет, може да се организира настава преку интернет (во целост или делумно).

За дел од учениците чии родители мислат дека можат да обезбедат образование од дома, може да се изработат програми и начини на проверка со кои ќе се овозможи овие деца да ја поминуваат материјата со поголема помош од родителите.

За дел од учениците на кои им е потешко совладувањето на материјата во домашни услови може да се организираат часови со нивно физичко присуство (по потреба или во редовни интервали).

Дел од предметите може да се изведуваат преку интернет, а дел со физичко присуство на учениците.

Може да се воведат посебни смени кои ќе ги разбијат учениците во помали групи.

Физичкото присуство се сведува на три дена, а останатото време се изведува настава на далечина.

Во одделни средини може да се организираат групи на ученици кои веќе физички комуницираат со кои ќе контактира конкретен наставник во просториите на училиштето или во простории во рамките на заедницата.

Во моментот кога ќе се забележи дека некој начин на обука не ги дава посакуваните резултати, се пристапува кон примена на друг начин на обука.

Секаде каде што е можно, се организира настава на отворено.

Развој на посебни радио емисии кои можат да допрат до широк круг ученици.

Создавање можности општините/училиштата/наставниците да развиваат иновативни и креативни идеи/начини со кои ќе овозможат најдобар начин на комуникација со учениците во конкретната средина/заедница.

Ова е можност да го промениме нашиот пристап кон образованието. Од крут и еднозначен систем кој не се прилагодува на децата туку ги вметнува децата во ист шаблон, можеме да почнеме да развиваме флексибилен, креативен систем кој ќе се прилагодува на потребите на децата и на заедницата. Ова ќе значи и развој на нов пристап во едукацијата на наставниците и воспоставување нов начин на комуникацијата со родителите како партнери во образовниот процес.

Не е прашањето во училиште или надвор од училиште, туку како училиштето да го направиме по мерка на децата, живо, променливо и прилагодливо.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Валканото оружје на криминалните структури (2)

НАЈНОВО

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката и одреди притвор за сопственикот на „Марковски компани“

October 11, 2025
ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

Филипче од Гази Баба: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk