Во Србија има речиси 9.000 активно заразени лица со Ковид-19, но четири петтини од нив се во домашна изолација, односно со поблага клиничка слика. Тоа го изјави денеска заменик директор на Институтот „Батут“, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Таа за Радио Телевизија на Србија (РТС) изјави дека најновите резултати покажуваат дека епидемиолошката состојба во државата е поповолна и дека има помал притисок врз здравствениот систем.
– Сепак, можеме да видиме дека има значителен број потврдени случаи на инфекција, што значи дека не смееме да се опуштиме, изјави Кишиќ Тепавчевиќ.
Таа додаде дека и покрај тоа што состојбата на ниво на држава се стабилизира,има и пад на бројот на заразени лица во Белград и во Нови Сад.
Бугарскиот главен град Софија е жариште на епидемијата на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа, во Бугарија ее тестирани 5.388 лица, потврдени се 210 нови случаи на Ковид-19, а досега се евидентирани вкупно 13.722.
Во моментов се хоспитализирани 861 пациенти, меѓу кои 763 медицински работници, од кои 64 се на интензивна нега. Бројот на смртни случаи за 24 часа е 12, вкупно 471 жртва на Ковид-19 во Бугарија.