Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од 1 септември да се вратат во училишните клупи, а другите генерации да продолжат со онлајн настава.
„Се истакнува – наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со две исклучоци. Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, важно е да се истакне, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца“, изјави министерот за образование, Арбер Адеми за Тв21.
Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела како и дали децата ќе можат да одат во градинка.