Имаат пари на сметка, не можат да си подигнат. Затворањето на Еуростандард банка остави без пари над 100.000 граѓани кои примале плата, пензија, социјална помош, потврдиле за Телма од Банката.
Револтирани дел од нив денеска бараа решение пред вратите на Еуростандард , кои уште вчера беа пломбирани од Народната банка. Граѓаните лути, велат немаат резервни приходи за да го преживеат месецов.
Од Фондот за осигурување на депозити велат дека граѓаните би требало своите месечни заработки но и штедните влогови ги добијат за максимум 20 дена. Во меѓувреме Народната банка ги извести да отворат транскациски во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот треба да го префрлат кај друга банка. Но граѓаните треба да добијат исписница од Еуростандард, за да одат во друга банка. Директорот на Фондот, вели нема простор за паника, се ќе се среди во законските рокови.