ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фондот за осигурување на депозити во рок од 20 дена ќе почне со обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

August 13, 2020 11:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за осигурување на депозити упати известување до физичките лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

– Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година. Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката, информираа од Фондот.

Како што појаснуваат, под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.

– Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за датумот на почеток на исплатата на обесштетувањето и за називот на банката/банките преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите. За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на „Еуростандард Банка” АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на: е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735, информираа од Фондот за осигурување на депозити.

Next Post

АСО: Одземењето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема да влијае на стабилноста на осигурителниот пазар

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk