Дали сите пратеници од малцинството на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да се искачат до Вила Водно? – ова прашање Фронтлајн го постави до опозициската ВМРО-ДПМНЕ на нивната електронска пошта.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после средбата со Претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски додека не видат, како што вели, дека истиот е претседател на сите граѓани.