ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година

Досега нема одлука за отворање на градинките.

August 13, 2020 08:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада, на која ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се одвива новата учебна година.

-Апсолутно Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците, нивните родителите и на вработените во училиштата доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат од почетокот на септември, изјави Филипче. Додаде дека не само децата се во ризик, туку и нивните родители, некои од нив се и со хронични болести, и затоа нивните насоки се сепак да се стави акцент на онлајн настава.

Според министерот Филипче, треба да се донесе тешка одлука. – Нема идеално решение. Мора да се заштити јавното здравје, а во исто време мора да се обезбеди и функционален едукативен процес многу битен за развојот на детето, рече Филипче.

Заеднички состанок вчера имаа Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), на која присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми. Конечна одлука не беше донесена.

Во Министерството за образование и наука преовладува ставот за моделот физичко присуство на учениците, но според епидемиолошката состојба. Трите модели што ги содржи планот на МОН се настава со физичко присуство со мерки за заштита и растојание од 1,5 метар, далечинско учење или онлајн-настава и комбинирана – пред сè за училиштата со голем број ученици. Тие би се поделиле на помали групи – една која би следела настава со физичко присуството една недела, а во исто време другата група ќе следи онлајн.
– Треба да се остави флексибилност на МОН и на Владата да  го приспособи образовниот процес кон епидемиолошката состојба и флексибилно да се обезбеди премин од еден во друг модел. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но секогаш имајќи ја предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде што ни дозволува епидемиолошката состојба да се организира наставата со физичко присуство и секаде каде што има услови да се организира наставата со физичко присуство, имајќи ги предвид протоколите што ги предвидовме и подготвивме, тогаш би требало да се организира наставата на таков начин. Нашиот став е јасен. Нема замена за наставата организирана со физичко присуство, но, сепак, треба да водиме сметка за здравјето на нашите ученици и за епидемиолошката состојба, рече Адеми.

Адеми напомна дека без разлика на тоа кој модел ќе се избере, ќе треба да се направат измени на законите за основно и за средно образование, како што е бројот на ученици во паралелка или предлогот да се скратат наставните часови од 40 на 30 минути во основно, односно од 45 на 35 минути во средно. За тоа е потребно функционално Собрание, посочувајќи на можноста и за пролонгирање на почетокот на учебната година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
foto: GEORGI LICOVSKI

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување

НАЈНОВО

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk