ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Охридскиот договор е основа за градење соживот за сите граѓани, не смееме да имаме делби и скепса

August 13, 2020 19:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот договор немаше за цел да инаугурира победници и да прогласи поразени. Тој е основата за градење соживот за сите граѓани на Република Северна Македонија. По две децении не смееме да имаме делби и скепса. Да останеме посветени на економскиот напредок и на благосостојбата на сите наши граѓани и сложно да се соочиме со сите предизвици. Токму пандемијата со КОВИД-19 е сериозен тест за нашата функционалност, организираност, но и солидарност и заедништво. Премногу жртви дадовме, предолг пат изминавме, премногу време изгубивме, враќање назад нема, одиме напред сплотени и обединети.  

Ова се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по повод денешното навршување 19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Охридскиот договор, се наведува, со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 и се поставија темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници, беше резултат на едномесечни преговори со поддршка од претставниците на Европската комисија и  од САД. Договорот се покажа како клучен за зачувувањето на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата.

-По скоро две децении, со неговото спроведување, нашата земја ги зачува мирот и стабилноста, и постави највисоки стандарди за правата на заедниците. Денес, не постои причина да се сомневаме во иднината на мултиетничка и мултикултурна Република Северна Македонија која како член на НАТО, и се надевам во скоро време како членка на Европската Унија, нуди перспектива и благодат на сите свои граѓани. Да не дозволиме ништо да ги наруши единството, соживотот и меѓусебната почит. Мораме да ги оставиме конечно во историјата сите конфликти и недоразбирања. Да продолжиме да ја следиме визијата за иднината и да работиме за просперитетот и за доброто на сите наши граѓани, стои во соопштението.

Охридскиот договор, се додава, не беше лесно да се постигне.

-Во оваа прилика мора да им оддадеме признание на лидерството на претседателот Борис Трајковски и на претставниците на политичките партии како потписници на Договорот. Заедно со поддршката на меѓународната заедница која е перманентна сиве овие 19 години и која никогаш не престанала да ја поддржува нашата земја, во 2001-та година нашето политичко лидерство спречи ескалација на конфликт кој ќе донесеше огромни човечки загуби и разорувања и во кој никој не победува, се посочува во соопштението.

Охридскиот договор, се додава, немаше за цел да инаугурира победници и да прогласи поразени. Тој е основата за градење соживот за сите граѓани на Република Северна Македонија.

-По две децении не смееме да имаме делби и скепса. Да останеме посветени на економскиот напредок и на благосостојбата на сите наши граѓани и сложно да се соочиме со сите предизвици. Токму пандемијата со КОВИД-19 е сериозен тест за нашата функционалност, организираност, но и солидарност и заедништво. Премногу жртви дадовме, предолг пат изминавме, премногу време изгубивме, враќање назад нема, одиме напред сплотени и обединети стои во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македoнски државјанин ограбен во Драч

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk