ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петмина патници од летот Скопје-Турку во вторникот позитивни на Ковид-19

August 13, 2020 09:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19.

Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопшти дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба.

Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест. Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани. Најавија дека надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни.

Претходно, финските власти соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направените тестирања, 26 биле позитивни на Ковид-19.

Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку.

Македонското Министерство за здравство соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест.

Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по анализа на сите информации ќе биде одлучено дали во иднина ќе се бараат ПЦР тестови за граѓаните на соседните држави кои само транзитираат низ земјава.

Next Post

Илјадници во Белорусија протестираа против 26-годишното авторитарно владеење на Лукашенко, почина уште еден демонстрант

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk