ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Објавени победниците на годинешниот Филмскиот фестивал „Flipbook“

August 14, 2020 15:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На првото издание на Фестивалот за Европски авторски анимиран филм Flipbook Film Festival се одржа од 11 до 13 август 2020 година во Младинскиот Културен Центар и од 7 до 13 август на онлајн платформата Cinesquare, жирито во состав Катрин Новаковиќ, Катерина Стојановски и Гоце Господиновски, наградата за најдобар филм во главната конкуренција му ја додели на филмот Sh_t Happens на режисерите Михаела Михали и Давид Штумф.

Во истата категорија, жирито додели специјална награда на македонскиот филм Карантин во режија на Иван Андреевски. Наградата на онлајн публиката која гласаше за филмовите на Cinesquare му припадна на филмот Ќерка во режија на Дариа Кашчеева. Во студентската селекција, наградата за најдобар филм му припадна на Cockpera на хрватската авторка Ката Гугиќ, а специјалната награда од жирито на филмот The Kite. За најдобар анимиран документарен филм беше прогласен Carlotta’s face, а специјалната награда од жирито му беше доделена на Macka je uvek zenska на режисерките Мартина Мештровиќ и Тања Вујашиновиќ од Хрватска.

Главна конкуренција

 SH_T HAPPENS – Овој мал голем филм, со навидум толку лесен стил ќе ве замисли дали случајно не гледате некоја комерцијална анимација од високо буџетно студио. Преку совршениот спој на носталгична анимација и траги – комичен наратив дава една интимна перспектива на секогаш актуелните дуалитети на човековото постоење: љубов – стаст, живот – смрт, смисла и апсурд. Едно потсетување на чешката и словачката анимациска доминација од едно друго време која полека но сигурно се враќа.

  QUARANTINE (специјална награда) – Со интересна техника која ги меша естетиките на традиционалната стоп и современата 3Д компјутерска  анимација, овој краток филм не води во еден за секого многу присутен амбиент, но,преку комична призма која барем за миг ни дозволува да се насмееме и  малку да издишеме од нашето загушувачко секојдневие. Мајсторски сработена анимација од еден млад автор која укажувана тоа дека златното време на македонскиот анимиран филм е пред нас.

 Студентски 

COCKPERA – Храбра цртачка техника со динамична но, елегантна анимација. Хумор и еротизам кои го трансцендираат цртежот од кој произлегуваат. Скокајќи помеѓу неколку жанрови и медиуми успева да ја плени целокупната перцепција. Овој студентски филм, како да излегува од златните денови на загрепската анимација, но со младешка полетност на денешницата, најавувајќи нова доминација на хрватскиот анимиран филм.

THE KITE (специјална награда) – Чешка стоп анимација во најдобро светло. Одличен карактер и сет дизајн. Суптилната анимација успева да ја пренесе меѓучовечката блискост и врските кои го надминуваат време-просторот, животот и потоа. Филм кој ги поместува линиите меѓу студентска и професионална продукција. Традицијата на Јиржи Трнка успешно продолжува.

 Анимиран документарен филм

CARLOTTA’S FACE – Филмот е сработен со уметнички израз кој се надоврзува на нарацијата и создава еден амалгам од дело и документ. Дозволува интимно да го доживееме наративот низ кој не води и создава сочуство со носителот на дејството.

A CAT IS ALWAYS FEMALE (специјална награда) – Еден успешен анимиран превод на скулпторскиот медиум. Фрла светло на борбата за креативен израз и родова еднаквост во професија и време под машка доминација. Храбро впуштање на анимацијата во водите на документарниот филм но, и скулпторскиот медиум.

 

 

Next Post

Шилегов: Во Вардариште не се депонира нов отпад, туку се врши негова примарна обработка и се носи во Дрисла

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk