ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри

August 14, 2020 09:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова демократска, политичка, одговорна Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

„Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство кое треба да осигура нова Влада со полн четири годишен мандат продолжува.

Пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе биде посветено на прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.

Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.

Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност, Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.

Во изминатиот период успеавме да донесеме големи одлуки, да ги решиме отворените прашања. Следува период кога ќе се посветиме на работа дома, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро.“, стои во соопштението од СДСМ.

 

Next Post

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk